Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Пукано врз полицијата во северно Косово

Косовската полиција соопшти дека лицата што ги блокирале патиштата на северот на Косово од различни локации трипати пукале во полициските единици кај езерото Газиводе, односно на пат кон граничниот премин Брњак.


„Полициските единици во самоодбрана беа принудени да одговорат со огнено оружје против криминални лица или групи, кои заминаа во непознат правец. Исто така, според информациите од полициските единици на терен, се слушнале истрели на повеќе различни локации“, се вели во полициското соопштение.


Во него се додава дека засега нема официјални информации за повредени или евентуална штета.


На северот на Косово, во општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, каде што живее мнозинството од српското население, на 10 декември во попладневните часови беа поставени барикади на повеќе локации.


Србија ќе бара од КФОР да распореди војска на северот на Косово


Според информациите на репортерот на Радио Слободна Европа кој е на терен, причина за блокадите е апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.


Косовската полиција претходно соопшти дека граничните премини Јариње и Брњак меѓу Косово и Србија се привремено затворени, поради полициски проценки и мерки на претпазливост. Оценето е дека поради блокирање на патишта на териториите на општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток е нарушена и спречена слободата на движење.


Полицијата ги  повика граѓаните да користат други премини за влез или излез од Косово и  побара од граѓаните да соработуваат со полицијата и да не „наседнуваат  на можни провокации од криминални лица или групи“.


Претходните денови беа забележани голем број инциденти на северот на Косово, а косовската полиција го зголеми присуството. Српските претставници од ноември ги бојкотираат институциите на Косово.


Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека Србија ќе испрати барање до командантот на КФОР да дозволи распоредување на српската војска и полиција на Косово. Ова  го изјави Вучиќ во своето обраќање до јавноста, кога претставниците на Србите на северот на Косово поставија барикади, протестирајќи против апсењето на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus