Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Средбата на историската македонско - бугарска комисија без конкретен резултат

Учебниците беа главна тема на денешните разговори на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Дискусијата поминала во позитивна атмосфера, изјави Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата по денешната средба во Скопје која продолжува и утре.


„Сè уште нема никаков конкретен резултат, заклучок, конкретно усвоена препорака. Дискусиите продолжуваат утре на иста тема во 9 часот и 30 минути, изјави Ѓоргиев за ТВ Сител.


Во однос на донесените решенија, Ѓоргиев информираше дека денеска не е донесена никаква одлука.


Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.




Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.


На претходните средби на комисијата годинава македонските и бугарските историчари се фокусираат врз 10-иот и 11-иот век. Тогаше Мешовитата комисија усвои и објави препораки кои се однесуваат на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија. Според нив во овие учебници треба да се менуваат лекциите за античкиот период, а беа усвоени и текстови врз кои заеднички ќе се слават Светите Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил.


По ова следуваа реакции од македонските интелектуалци кои меѓу другото сметаа дека во учебниците ќе се шири софиската верзија на историјата, што подоцна беше демантирано од македонските историчари во комисијата.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus