Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Џафери распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово.


Согласно Решението што го донесе Џафери врз основа на Изборниот законик, изборите за членови на Советот на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година.



На денешната седница на Државната изборна комисија беше утврдено дека јавниот увид во избирачкиот список започнува од 1 јули и трае 20 дена, заклучно со 20 јули. Собирање потписи за независни листи на кандидати започнува од 30 јуни, и ќе трае 15 дена заклучно со 14 јули и истото ќе се спроведе во подрачното одделение на ДИК во Тетово. Доставувањето на кандидатските листи за кандидати за Совет на Општина Тетово, до Општинската изборна комисија е најдоцна заклучно до 15 јули до 00:00. Жрепката за редниот број на гласачкото ливче за листите за Совет за Општина Тетово, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 26 јули. Изборната кампања за изборите за Советот започнува на 31 јули во 00:00 часот и трае до 18 август до 00:00 часот.



Роковите за извршување на сите изборни дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Тетово пред нови избори за Совет - дали законот селективно се спроведува?


Причините за распишување на избори за нови советници во општината се поминати рокови за донесување на завршна сметка, во која, според зборовите на независните советници, не биле содржани клучните информации за потрошените пари на претходната градоначалничка Теута Арифи и последниот квартал од годината кога за општинската каса е задолжен актуелниот градоначалник Биљал Касами.



Завршната сметка која била доставена до советниците не е објавена на веб страницата на општината, каде што последна усовоена завршна сметка е објавена за буџетската 2018 година.



На владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus