Најмалку две лица загинаа, а повеќе од десетина други беа ранети при експлозија во џамија во источната авганистанска провинција Нангархар. Експлозијата се случи за време на петочната молитва во селото Тарела во областа Спин Гар во Нангархар.
Провинциски племенски старешина изјави дека главна цел бил гувернерот на талибанската област, кој е меѓу ранетите. Никој засега не презеде одговорност за нападот. Но, милитантите на Исламската држава водеа интензивна кампања на насилство во областа.
Талибанците, кои го контролираат речиси целиот Авганистан, по преземањето на власта откако меѓународните трупи предводени од САД се повлекоа на крајот на август, водат противбунтовничка кампања, ветувајќи дека ќе ја смират заканата од ИД.
За талибанците бомбашите самоубијци остануваат клучни во нивната стратегија
Портпаролот на разузнавачката служба на талибанските власти, Калил Хамраз, неодамна изјави дека уапсиле речиси 600 борци на ИД, вклучително и големи личности и финансиски поддржувачи.
Обединетите нации и западните влади кои не го признаа раководство на Талибанците, посочуваат на широк спектар на прекршувања на правата на Авганистанците, откако Талибанците ја презедоа власта.