Заев по пораката од Борисов: Гледам надеж за решение на спорот
„Ја чувствувам горчината на народот, но мене ми припаѓа да ги решавам тешките прашања на нашиот пат до ЕУ. Да не заборавиме, за време на бугарското претседателство со ЕУ го вратија фокусот на тоа што го определува членот 2 од нашиот Договор за пријателство и соработка. Цел Самит беше посветен на нашите аспирации. Денеска го гледав видеото на Борисов. Тоа е Бојко Борисов. Тоа е неговата посветеност и во тоа јас гледам надеж дека час поскоро треба да го решиме спорот со Бугарија, без оспорување на нашите идентитетски определби“, рече премиерот Заев во интервју за ТВ Телма.
Тој додаде дека останува и посветеноста за соработка со земјите-членки на ЕУ од кои во наредниот период ќе побара експертиза и помош за одделни области со цел, како што рече, Европа да се донесе дома.
Борисов со порака до Заев преку Бучковски: 2 теми ги уплашија Бугарите
Борисов денеска преку видео на неговата страна на Фејсбук порача дека бил изненаден од изјавата на Заев, кој го обвинил дека „работел на подигнување на личниот рејтинг“ и дека Бугарија не го почитувала Договорот за пријателство.