Артијом Важенков вели дека во притворниот центар Окрестина во белорускиот главен град Минск, каде бил задржан неколку дена, врисоците на оние што биле измачувани одекнувале долго во ноќта. „Беше ужасно, не она што го видов, туку она што го слушнав“, вели Важенков за Радио Слободна Европа.