Во Косово и во Албанија расте бројот на заразени со ковид-19
Во Албанија во изминатото деноноќие регистрирани се 152 новозаразени, што значи просечната бројка во овој месец е околу 150 случаи дневно.
Туризмот го зголеми бројот на новозаразени со ковид-19 во Хрватска
„Имаме повторно висока бројка на новозаразени со Ковид-19 . Од направените 864 тестови, позитивен резултат е добиен кај 152 од нив, при што речиси половина од нив се во Тирана, додека ново жариште е Корча со 19 случаи. Добра вест е дека во последните 24 часа во списокот на оздравени се внесени 110 лица, додека за жал починаа двајца пациенти“, информираше Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.
Таа додаде дека од почетокот на пандемијата, во првите денови од месец март направени се 54.435 тестови, позитивен резултат е добиен кај 8.119 лица, оздравеле 4.096 а починале 240 лица. Активни на болеста се 3.783 случаи.