Украина- Зеленски вети укинување на пратеничкиот имунитет
Овие избори Зеленски ги распиша само два месеца откако ја презема функцијата претседател и на нив се гледа како барометар за неговата популарност. Актуелниот украински претседател се одлучи на ваков чекор поради тоа што во сегашниот парламентарен состав доминираат неговите политички опоненти со што се намалуваат можности за спроведување на реформите кои ги планира.
Зеленски победи на претседателските избори по години лоша економија, висока корупција и војна со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека поранешниот комичар Зеленски кој глумеше претседател во популарна телевизиска серија, ја задржал поддршкаата.
Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 20 часот вечерва. Првичните официјални резултати се очекуваат утре наутро