Вучиќ добил уверување дека Русија ја поддржува Србија
"Разговаравме за Косово. Медведев рече дека Русија ја поддржува Србија, дека ќе биде со нас и дека смета оти меѓународниот поредок не може да се урива на начин како што се правело досега”, им рече Вучиќ на новинарите во Минск.
Тој додаде дека на рускиот колега му пренел оти Србија не е во лесна позиција, дека е под притисоци од многумина да го признае Косово, а за возврат да не добиела ништо.