Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

АВМУ, ЗНМ и ССНМ со реакции за заканите кон новинарот Бранко Героски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работнициденеска преку соопштенија реагираа за последните закани упатени кон новинарот Бранко Героски.


Во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се наведува дека се неприфатливи какви и да било обиди за спречување на слободата на изразување.


“Новинарите и медиумите мора да бидат оставени да ја работат својата работа професионално, а сите субјекти, институции и јавноста воопшто треба да прифатат дека слободата на изразување подразбира различни гледишта без оглед дали некому му се допаѓаат или не”, се вели во соопштението. 


Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници преку заедничко соопштение остро ги осудија како што пишуваатзаканите кои вчера биле упатени кон главниот уредник на „Плусинфо“,Героски.


 “ЗНМ и ССНМ сметаат дека ваквите закани претставуваат директен напад на слободата на изразување и слободата на медиумите. Исто така, ги повикуваме надлежните државни институции да ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање за откривање на заканувачот и негово казнување со цел да бидат обесхрабрени сите оние кои во иднина ќе се дрзнат да се закануваат и заплашуваат новинари и медиумски работници”, наведуваат од двете организации.


Во соопштението тие појаснуваат дек според информациите кои јавно ги објави Героски, извесен Борче Гиноски на социјалната мрежа му упатил директна закана со зборовите „Гледај да не те бањаат во Вардар“. Според главниот уредник овие закани се обид тој да биде замолчен, односно да прекине со серијалот текстови поврзани со наводна рекетарска група поврзана со владејачката партија.


Героски во неколку написи употребувајќи псевдоними пишува за наводен “рекет” кој го спроведуваат групации од власта или блиски до неа.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus