Марина Костова и Емин Аземи ја примија државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
Новинарката и филмска критичарка Костова, која сега е заменик главен уредник во порталот Сакамдакажам.мк, ја доби наградата во областа на публицистиката за монографијата „Манчевски“ за нашиот познат филмски режисер.
За остварување во новинарството наградата „Јасмин“ му е доделена на Емин Аземи, кој сега е одговорен уредник во весникот „Коха“. Според образложението на одлуката, Аземи е неуморен борец за развој на професионалното новинарство базирано на факти и кодексот на етика за подигање на одговорност на новинарството и на довербата на јавноста во него.