СЈО тврди дека Керим е недостапен за случајот МПМ, тој од Хрватска негира
Во изјава за неколку медиуми, Срѓан Керим го негира тоа и вели дека е во Хрватска, во Опатија каде има негов стан и дека е постојано достапен за Специјалните обвинители.
Двајцата поранешни сопственци на весниците Дневник, Вест и Утрински, Керим и Станисављева, се сомничат за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра, како и за злоупотреба на службената положба.
Случајот го отвори Основното јавно обвинителство, по пријава на синдикатот, а потоа надлежноста за случајот ја презеде СЈО.