Во експлозијата на метан во рудникот за јаглен ЧСМ Север во близина на градот Карвина на истокот на Чешка што се случи вчера загинаа 13 рудари, јавуваат медиумите, цитирајќи извори од ОКД, државната компанија во чија сопственост е рудникот. Метанот експлодирал на 880 метри под површината на земјата, а според извештаите повеќето од загинатите биле Полјаци.