Женскиот младински хор при МКЦ и неговиот диригент, маестро Сашо Татарчевски, го освоија првото место во категоријата на еднородни хорови на силниот меѓународен акапела натпревар „Varsovia Cantat“ во Варшава. Ова е последната од низата шест први награди во последните три години.