Меркел убедува дека Глобалниот договор за мигрантите е во интерес на Германија
Официјален Берлин смета дека со овој необврзувачки договор, што треба да биде усвоен следниот месец, ќе се намали приливот на мигранти во Германија, бидејќи, согласно договорот, ќе им бидат обезбедени соодветни услови и на други места, не само во Германија.