Јанева: Баравме притвор за Груевски уште кога некои ни името не му го спомнуваа
„СЈО побара притвор за истрагата Титаник, каде станува збор за висок криминал. Од страна на Судот беше одбиено нашето барање, немаше определени ни мерки. За случајот Тенк не побаравме притвор. Обвинетиот Груевски до минатиот четврток не одаваше настапи дека нема да се јави на Суд, и зошто ние би побарале да биде ставен во пртивор“, изјави Јанева во емисија на 1ТВ.