Иран претстави нов борбен авион од домашно производство
Тоа е борец од четврта генерација со повеќенаменски радар, наведе новинската агенција Тасним додавајќи дека авионот е 100 проценти домашно производството.
Државната телевизија објави дека авионот веќе поминал успешно тестирање. Авионот прв пат јавно беше објавен на 18 август од страна на министерот за одбрана Амир Хатами, кој даде неколку детали за проектот.