Добавить новость
World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Коѕијас: Нова Демократија и ВМРО-ДПМНЕ користат говор на омраза

Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ се хранат со проблемите, а ние со решенијата, опозициите во двете земји користат говор на омраза, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за „Ефимерида тон синдактон“.


Во викенд изданието на грчкиот весник, говорејќи за реакциите во двете земји, вели дека она што него го загрижува не е несогласувањето околу договорот, „бидејќи од една гледна точка, тоа е нормално“, туку е загрижен за тоа каде ќе ја одведе земјата „ширењето и легализацијата на екстремниот десничарски говор на омраза“.


“Опозицијата во двете земји е опозиција која користи заеднички говор на омраза. Ја негуваат политичката омраза во сите нејзини димензии: како во внатрешноста, така и во меѓудржавните односи. Нова демократија го отфрла договорот со образложение дека сѐ му предадовме на Скопје. Иванов и неговата партија не го ратификуваат договорот бидејќи, наводно со тоа, неговата земја и се потчинува на Грција. Ако се поврзат овие работи, лесно може да се заклучи дека и во двете земји се работи за партии што се хранат со оваа реторика, со нерешавањето на проблемите, со неактивноста”, вели шефот на грчката дипломатија и упатува порака до сите оние граѓани во Грција, кои што не се согласуваат со Договорот, „да го прочитаат и да го проучат подобро“ и да видат „дали навистина се реални опасностите на кои што се повикува опозицијата“.


Тој уште еднаш повторува кои се следните чекори и во двете земји согласно Договорот, за потоа како што вели „заедно да се справиме со говорот на омраза, бидејќи сакаме да живееме во мир со народот од соседната земја“.


Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија во интервјуто открива дека уставното прашање било најтешкото во преговорите. Во однос на случајот со руските дипломати, шефот на грчката дипломатија, порачува дека Русија треба да ги почитува грчките национални интереси и се осврнува на внатрешните реакции во Грција, велејќи дека „сите оние што се прават големи патриоти, всушност потчинети“.


“Русија треба да сфати дека не може да не ги почитува националните интереси на друга држава, бидејќи се чувствува посилна од неа. Таков став нема да прифатиме”, вели Коѕијас.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus