Добавить новость


World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Димитров: Преговорите за Македонија се тест за кредибилитетот на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по 14. Совет за стабилизација и асоцијација, порача дека една од причините зашто е важен почетокот на преговорите со Македонија е тоа што се и тест за кредибилитетот на Европската Унија.


-Ние сме фанови на холандската стриктност и правичност, сакаме да го започнеме пристапниот процес токму затоа што е реформска алатка, сакаме да го направиме ова на начин што ќе го тестира кредибилитетот на сите земји членки. Станува сѐ појасно дека ако Македонија не е една од земјите со пристапни преговори, тогаш има премногу преправање, а не доволно објективна проценка во нашиот регион, изјави Димитров на новинарско прашање како Владата може да се осигура дека идната година земји како Франција и Холандија нема повторно да го блокираат стартот на преговорите со Македонија во ЕУ.


Министерот оцени дека Македонија сака да се фокусира на домашните реформи.


"Ако порано беше автопат, сега патот е тесен и нагорен", рече Димитров.


Високата претставничка за надворешни работи, Федерика Могерини и  потпишувањето на Договорот со Грција го нарече “еден од најголемите успешни приказни на нашето време“.


"Очекуваме од сите сили во владата и опозицијата да продолжат да работат заедно за европските реформи. Вратата за ЕУ е отворена и патот на земјата кон ЕУ стана сега неотповиклив, а ние стоиме цврсто до вас", изјави високата претставничка.


Еврокомесарот Јоханес Хан потврди дека ќе биде во Македонија на 17 јули за стартот на техничкиот дел на процесот на скрининг со Владата.


" Оваа подготвителна работа не е нешто што се прави за неколку недели, треба да се подготват сите 35 поглавја кои ги покриваат пристапните преговори, тоа мора внимателно да се подготви и е клучно да ја направиме оваа работа за една година", рече Хан.


Запрашан да прецизира што точно Европската Комисија подразбира под “подготвителната работа“ за стартот на преговори, Јоханес Хан објасни:


"Скринингот значи дека гледаме до каде се областите на владеењето на правото и поглавјата 23 и 24 да видиме до каде е земјата на комплетен начин, ова е основно прашање, основа за старт на преговори, до каде е земјата, и се засноваме на ова за да им препорачаме на земјите членки одредници за отворање кои ќе доведат до конкретни преговори. Ќе почнеме да работиме на ова по летниот одмор, но пред тоа ќе го дефнириаме целиот патоказ и ќе назначине координатор за скринингот", рече Хан.


Подготвителниот процес за сите земји досега речиси секогаш траел околу година до година и половина.


Министерот Бујар Османи ги поздрави “несебичните напори“ на Могерини и Хан во процесот за Македонија.


"Покрај самата подготовка за преговори, Владта има намера да го задржи реформскиот импулс и да испорача видливи резултати во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата", изјави Османи и порача дека очекува целосно вклучување на опозицијата во реформските процеси

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus