Повикувајќи се на аболицијата што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, адвокатот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара судот да ја запре постапката против него. Но, според експертите, тоа е невозможно, бидејќи аболицијата беше незаконска и поништена. Според нив, обвинетите се фаќаат за сламка.