Влада: Иванов не може да ја види перспективата што се отвора со договорот
„Претседателот Иванов нема чувство на одговорност и презема дејства на недозволива манипулација, со што им штети на државата, на граѓаните и директно дејствува против јакнењето на македонскиот идентитет. Иванов не се залага за решенија и не работи за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, а тоа за граѓаните се приоритети од највисок национален интерес“, велат од Владата.
Оттаму додаваат дека со овој договор се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, „еднаш засекогаш.“