Историски или проблематичен - Грчките медиуми за договорот за името
Како што јавува МИА од Атина, во вчерашните информативни и политички програми и во денешните утрински емисии на грчките телевизии, на порталите, во весниците, новинарите во Грција го анализираат договорот, што доби, а што загуби едната или другата страна, но и кои се придобивките од затворањето на спорот со името.
Коментарите се во зависност од ориентираноста на медиумот, дали е близок до владата или пак до опозицијата, јави МИА.