Црногорскиот премиер утре во посета на Косово
Предвидено е Марковиќ утре во Приштина да има средба со неговиот домаќин, косовскиот премиер Рамуш Харадинај, а во четврток да се сретне и со спикерот на Парламентот Кадри Весели и со претседателот на Косово, Хашим Тачи. Марковиќ ќе има средба и со претставници на црногорското малцинство во Косово.
Косовските медиумите наведуваат дека се очекува неговата посета да стави крај на прашањето за демаркацјата на границата меѓу двете земји. Марковиќ неколкупати изјави дека за Црна Гора прашањето за демаркација на границата е завршена работа.