Познати противниците на Русија во групната фаза на Купот на Конфедерациите
Ждребот се одржа во саботата во Казањ, Русија, пренесува „Лента.ру“.
Противници на Русите во групата А се репрезентациите на Нов Зеланд, Португалија и Мексико.
Во групата Б се најдоа Австраија, Чиле, Германија, и претставник од Африка, кој ќе биде определен подоцна.
Натпреварите ќе се одржат од 17 јуни до 2 јули 2017 година во четири руски градови: Казањ, Сочи, Санкт Петербург и Москва. Наградниот фонд на турнирот изнесува 20 милион долари.
Последниот носител на трофејот, репрезентацијата на Бразил, нема да учествува на турнирот.
Кој е виновен за фијаското на Евро-2016?