Путин претседаваше на состанокот на Евроазиската унија
![Путин претседаваше на состанокот на Евроазиската унија](https://gdb.rferl.org/52B22DEE-5444-4A6E-A9AA-11D945A6B04C_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин претседаваше на состанокот на Евроазиската економска унија, во која се Русија и неколку поранешни советски републики. Во текот на состанокот во Сочи, тој ја пофали Унијата како динамична група и укажа на нејзините економски достигнувања. Членки на оваа унија се Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан. На Молдавија и е понуден статус на посматрач. Состанокот беше можност за прва средба на Путин со новиот ерменски премиер Никол Пашинијан.