В четврток, градоначалничката треба да презентира план за решение на проблемите во Скопје, како што се градската хигиена и јавниот превоз. Арсовска тврди дека веќе предложила план, но власта го одбила и сега подготвува нов. Во Владата, пак, не се оптимисти за позитивен исход. За сите блокади, незавршени работи и неисполнети ветувања за главниот град, според градоначалничката, вината е кај советниците.