Колку пари ќе чини државната прослава за одбележување на 23 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, е прашањe на кои власта не одговари до објавување на текстот. Од Владата велат дека за оваа организација не е спроведена јавна набавка. Претходно Тендерот за организација на прославата беше поништен, а според владиниот записник на вицепремиерот Стоилковиќ му било наложено да склучи договор во „четири очи“ без објавување на оглас за организација на прославата.