Новости Москвы
Мы в Telegram
Добавить новость

Првата дама на револуцијата: животот и борбата на Надежда Крупскаја

Професорите по историја на руските високообразовни институции сакаат да се шегуваат: кога на испит се појавува неориентиран студент, најдобар начин да се провери целосно дали е безнадежен е да биде прашан: „Како се презивал сопругот на Крупскаја?“. Ако несреќниот студент, без да се разбира што го прашуваат одговара „Крупски“, го бркаат срамно.

Сите кои се заинтересирани за историјата знаат дека мажот на Надежда Крупскаја е Владимир Ленин, главниот „архитект“ на Октомвриската револуција од 1917 година и творец на Советскиот Сојуз. Пред триумфалното враќање во Русија тој поминува 16 години во илегала. И цело ова време со него работи жена му - исто толку верна на идеите на марксизмот, колку и самиот тој.

Дворјанка во револуцијата

Како и многу други револуционери, по потекло Крупскаја не е работник или селанка - таа израснала во сиромашно, но сепак дворјанско семејство и завршила училиште со златен медал. Крупскаја, во иднина познатa атеистка, пишува дека како млада била многу религиозна: „Растејќи во осаменост, не умеев да ги формулирам желбите и мислите, на начин тие да бидат разбирливи за другите. И тука многу потребен ми беше Бог, кој треба да разбере што се случува во душата на секој човек“.

РИА Новости

Впрочем Надежда уште на 21 години ја отфрла црквата поради новата идеја - револуцијата, а во 1890 година се приклучува на марксистичкиот кружок во Петербург. Паралелно со ова во вечерното училиште за работници таа изучува географија, историја и математика. Крупскаја ќе остане учителка во текот на целиот живот: кога во 1917 година болшевиците доаѓаат на власт, таа го презема ресорот за народното образование и воспитување на децата.

Сибир и Европа

Во марксистичко кружок Крупскаја се запознава со идниот сопруг - младиот социјалист Владимир Уљјанов (Ленин). Тие, како што пишува самата таа, во 1896 година „веќе се доволно блиски познаници“, но Ленин завршува зад решетки - за револуционерна дејност тој е уапсен од полицијата. Една година подоцна е испратен на заточение во селото Шушенское (4.500 километри источно од Москва), а за да може Крупскаја да замине заедно со него, се наметнува тие да се венчаат во црква. „Мораше да ја одиграме целата оваа комедија“, се сеќава подоцна Крупскаја.

Иако некои историчари гледаат на бракот помеѓу Ленин и Крупскаја како на креативен сојуз помеѓу двајца ентузијасти, самата Надежда во спомените инсистира дека тие воопшто не се зеле само од идејата заедно да ја урнат монархијата: „Ние многу се сакавме. Тоа што јас не пишувам за овие работи, воопшто не значи дека во нашите животи немало и поезија, и младешка страст“.

5 книги кои мора да се прочитаат за да ја сфатите руската револуција

И покрај сето тоа, работата зазема главно место во нивниот заеднички живот. Тие преведуваат странски книги за работничкото движење, започнуваат преписки со европските социјалисти, разговараат за изгледите за револуција. Во 1900 година бегаат во Европа, каде што често го менуваат местото на живеење: Минхен, Лондон, Женева, Париз. Сето ова време Надежда му е главен помошник на Ленин. На пример токму таа се занимава со сложеното шифрирање на огромните количества разговори со другите социјалисти.

Животот како служба

Крупскаја целиот свој живот страда од болест која на крајот на XIX - почетокот на XX век е неизлечива: имунолошка хипертиреоза (Базедова болест). Меѓу симптомите на оваа наследна автоимуна болест се „искосеност“ на очите, постојани болки и исцрпеност. Токму поради тоа Крупскаја која сака деца, е неплодна. Современиците се сеќаваат дека таа доживувала огромни страдања поради тоа.

Не помалку страда таа и од блиските односи на Ленин со друга социјалистка, Инес Арманд, кој се разгорел во 1910 година. Според многубројни сведоци, меѓу Ленин и Арманд имало блиски односи - зачувани се писма во кои таа му изјавува љубов. Крупскаја го трпи тоа стоички – згора на тоа, станува пријателка со Арманд. А, Ленин конечно останува со својата жена. Историчарот Леонид Млечин претпоставува дека „тој ја сметал љубовта за нешто минливо, помалку важно отколку здравите другарски односи со Крупскаја“.

Global Look Press

Крупскаја наоѓа утеха во својата работа за доброто на општеството - онака како што таа го разбира. „Треба да умее да спои сопствениот живот со општествениот. Тоа не е аскетизам. Напротив, личниот живот се збогатува благодарение на тоа што општото дело на сите работници се претвора во лично дело“, вели таа.

Враќањето во Русија

Крупскаја се враќа во Русија заедно со својот сопруг во 1917 година, по победата на револуцијата, и продолжува да помага со своето работење. Од 1920 година раководи со Главниот политичко-просветителски комитет на СССР (Главполитпросвет) - организација која се бори со неписменоста. Тежок удар за неа станува драстичното влошување на здравјето на Ленин, кој добива мозочен удар за првпат во мај 1922 година. Крупскаја треба да го учи својот маж повторно да зборува, да пишува, да комуницира. Ленин закрепнува, но не за долго - во 1924 година водачот на револуцијата умира.

Од што всушност умрел Ленин?

По смртта на Ленин за Крупскаја настапуваат мрачни времиња. Од една страна, формално таа е ценета како „најблиската соработничка“ на шефот, од друга - нејзиното мислење е игнорирано. Јосиф Сталин ја презема власта во свои раце, и не ја сакал Крупскаја, бидејќи таа се осмелувала да се расправа со него. Таа, пак, го критикува Сталин и неговите репресии. „Зарем не забележувате апсолутно ненормална ситуација која го труе нашиот живот?“, прашува таа еден од болшевиците во 1937 година.

Во 1939 година, неколку дена откако го одбележува својот 70-годишен јубилеј, Надежда Крупскаја умира од акутен апендицитис. Сталин, кој ја мразел Крупскаја додека била жива, лично ја носи урната со нејзината прав. Погребана е во некрополата на Црвениот плоштад, на само неколку метри од мавзолеј во кој балсамирано лежи телото на нејзиниот сопруг.

Читайте на 123ru.net


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Москве, в Московской области и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Москве

Ria.city

Владимирская область расположилась в "хвосте" рейтинга регионов по благосостоянию семей

Психолог Донская: разговор с родителями поможет детям победить страхи

На Дмитровке сыграют в жульбак

Где есть окрошку: с крабами, груздями и рисовым вином

Музыкальные новости

В России появился «рейтинг скрепности» регионов

Один из лидеров «Салавата Юлаева» подписал контракт с ЦСКА: теперь официально

РОССИЮ ОЖИДАЕТ ПЛЮС 50 ГРАДУСОВ: КАКИМ ГОРОДАМ ЖДАТЬ АНОМАЛЬНУЮ ЖАРУ

Дело об избиении в Московской области азербайджанцем молотком участника СВО расследуют повторно

Новости Москвы

В годовщину работы энциклопедия "Рувики" преодолеет рубеж в 2 миллиона статей

Шестилетние близнецы из Ленинского округа помогли найти пропавшего ребенка

Борьба с нарушениями. Как мобильный оператор защищает клиентов от мошенников

Рейтинг 100 самых продаваемых франшиз России на 2024

Экология в Москве

Тысячи активистов разгромили офис Socar в Стамбуле, обвинив «Азербайджан» в поддержке геноцидальной политики Израиля в Палестине

Лифтинг — Коги (нити с насечками)

AlfaBiom выпустили на рынок России БАД с красным ферментированным рисом

Стоматолог Владимир Лосев: сколько времени нужно носить брекеты

Спорт в Москве

Медведев вышел в 1/8 финала «Ролан Гаррос» — 2024

Синнер повторил достижение Джоковича и Надаля по победам на "Больших шлемах"

Итальянская забастовка: Рублёв, Котов и Самсонова вылетели с «Ролан Гаррос», Потапова обыграла Ван Синьюй

Не ходите, дети, в теннис: как Андре Агасси и Штеффи Граф подарили детям право выбора

Москва на Moscow.media

Тысячи активистов разгромили офис Socar в Стамбуле, обвинив «Азербайджан» в поддержке геноцидальной политики Израиля в Палестине

Рассказ про зятя. Хоть и не про котиков, но тож смешной

Eurasianet: Азербайджан публично и цинично уничтожает армянское культурное и историческое наследие в Нагорном Карабахе

Филиал № 4 ОСФР по Москве и Московской области информирует: Свыше 5,2 миллиона жителей Московского региона получают набор социальных услуг в натуральном виде











Топ новостей на этот час в Москве и Московской области

Rss.plus






Шестилетние близнецы из Ленинского округа помогли найти пропавшего ребенка

Рейтинг 100 самых продаваемых франшиз России на 2024

В День эколога в Новосибирске пройдет ключевая акция «Вода России»

Какие проекты со вводом в 2024 году лучше всего распроданы