Киргистански активисти казнети поради протест против руската инвазија врз Украина
Судот им изрече парична казна од по 3.000 соми (30 долари) откако ги прогласи за виновни за непочитување на законите.
„Плукнете ги“: акција на руските власти врз оние што се против војната во Украина
Активистите, кои имаа одвоени рочишта, се изјаснија за невини.
Двајцата беа приведени на 17-ти март, заедно со нивната колешка Азиза Абдирасулова, пред руската амбасада во Бишкек каде протестираа против војната во Украина.
Тие беа обвинети за хулиганство и непослушност кон полицијата и неколку часа подоцна беа пуштени од притвор.