Зеленски - Нападот на нуклеарната централа е „терористички чин“
![Зеленски - Нападот на нуклеарната централа е „терористички чин“](https://gdb.rferl.org/01f00000-0aff-0242-68d8-08d9fe0e62dc_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
За украинските власти и експерти, заземањето на нуклеарната централа Запорожјe е „нуклеарен тероризам“. Тие предупредија дека опасноста во централата не е завршена. Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Москва е подготвена за разговори со Украина, но инсистира на тоа дека мора да бидат исполнети руските барања. По пожарот во украинската нуклеарка, Советот за безбедност на ОН закажа итен состанок за денеска.