Апликациите на "Епл" го прикажуваат Крим како дел од Русија
![Апликациите на](https://gdb.rferl.org/B72141E1-5411-44BB-A364-6E8FADE01F11_w800_h450.jpg)
"Епл" го прикажува украинскиот полуостров Крим како дел од Русија на некои свои апликации, потег што пратениците во Москва го поздравија како корекција на претходната „грешка“ од страна на американскиот технолошки гигант, но сигурно е дека тоа го лути Киев.
Сепак, прикажувањето на полуостровот на Црното Море на Украина како руска територија на „Епл мапс“ се чини дека се случуваат само за корисниците во Русија.
Кога користите апликации од Соединетите држави, Украина и во делови од Европа, не се прикажани меѓународни граници околу полуостровот.
Русија ја презеде контролата врз Крим во март 2014 година, откако испрати војници, заплени клучни објекти и спроведе референдум. Овој потег беше осуден како нелегален од најмалку 100 земји. Москва, исто така, ги поддржува сепаратистите во војната против владините сили, во која се убиени повеќе од 13.000 луѓе во источна Украина од април 2014 година.