Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, вели дека сириските курдски сили не се повлекле целосно од пограничното подрачје, како што беше договорено со Русија. Тој најавува дека наскоро ќе ги разгледаат следните чекори со Москва. Турскиот министер најави дека руска воена делегација ќе дојде во Турција и тогаш ќе биде разгледано започнувањето на работата на заеднички патроли.
Чавушоглу повтори дека курдските сили доколку не се повлечат 30 километри од границата, турските сили ќе ги „исчистат“.
Сириските демократски сили предводени до Курдите вчера соопштија дека ќе се повлечат 30 километри од пограничниот простор.