Трамп му потврдил на Путин, наскоро нов амбасадор во Москва
Американскиот претседател, Доналд Трамп, телефонски го информирал неговиот руски колега, Владимир Путин, дека наскоро ќе назначи нов американски амбасадор во Москва, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Трамп и Путин разговараа и Трамп рече дека наскоро ќе биде назначен нов амбасадор“, изјавил Песков пред новинарите.
На почетокот на месецов, американските медиуми објавија дека амбасадорот на САД во Москва, Џон Хантсман, се повлекува од својата позиција и дека во писмо образложил дека неговата оставка ќе биде ефективна на 3 октомври, за да има доволно време да биде номиниран и потврден негов наследник