Русија бара од Гугл да спречи ширење на информациите за протестите
![Русија бара од Гугл да спречи ширење на информациите за протестите](https://gdb.rferl.org/C7522584-B955-4E5D-AAB0-42A2AB5464F2_w800_h450.jpg)
Руската агенција за надѕор на медиумите побара од американската компанија Гугл да преземе мерки за да спречи да им овозможува на корисниците на Јутјуб да испарќаат информации за неодобрените протести. До овој потег доаѓа по неколку неделните протести во Москва поради одбивањето на кандидатурите на некои опозициски и независни почитичари за изборите во Москва. Руската агенција наведе дека ако Гугл не се ангажира во врска со ова прашање, тоа ќе биде сметано како мешање во внтарешните работи на Русија и Москва ќе има право на контрамерки.