Обвинувања за прекршување на примирјето во Сирија
![Обвинувања за прекршување на примирјето во Сирија](https://gdb.rferl.org/98A826EB-950C-4605-8698-CB88950D6286_w800_h450.jpg)
Продолжуваат извештаите за прекршување на примирјето во Сирија кое од денеска стапи во сила по повикот на Русија. Сириски активисти јавија дека властите извршиле серија на воздушни и артилериски напади во источниот дел на Гута, кој се наоѓа во близина на Дамаск.
Сириските власти и Москва ги обвинија бунтовниците за напади врз коридорот преку треба да им се овозможи на цивилите да го напуштат регионот. ОН соопштија дека продолжувањето на борбите ги оневозможуваат спасувачките и хуманитарни операции.