Порошенко: Русија води светска хибридна војна
Тој во својот жесток говор на Конференцијата рече дека „заземањето на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и поддршката на вооружените сепаратисти во источна Украина се претвора во широка офанзива против либералните демократски вредности на Запад“.
Порошенко ја обвини Москва дека поддржува и ултралевичарски и ултрадесни партии ширум светот и распоредува „армија од интернет-тролови за ширење дезинформации и за сеење раздор во Украина и на Запад.