Во Источна Украина избори со руски допир
![Во Источна Украина избори со руски допир](https://gdb.rferl.org/caeb8b09-feb0-47a4-a575-0cdf3e0ccfcf_tv_w800_h450.jpg)
Сепаратистите во источна Украина, кои се поддржани од Русија, в недела треба да одржат избори во двете самопрогласени републики, во обид да го зацврстат своето отцепување од остатокот на земјата. Изборите во Доњецк и Луганск, кои се надвор од контролата на Киев од 2014 година, силно се осудени од Киев и од Западот.