Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Forum24: Повеќето источни Европејци веќе не ги поддржуваат НАТО и САД

Меѓународниот републикански институт на својот сајт објави резултати од анкети спроведени во Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Заклучоците не се охрабрувачки. Меѓу граѓаните е забележително сѐ поголемото одбивање на обврските спрема европските институции и сѐ поголема подложност на руското влијание. Четирите земји во кои беа спроведени анкетите, се избрани како членки на Варшавската четворка, пишува порталот Forum24.

„Ова истражување на јавното мислење потврдува неколку загрижувачки тенденции во срцето на Европа, вклучувајќи ја сѐ помалата поддршка за главните трансатлантски организации како што е НАТО, како и сомнежите кога се работи за карактерот на европскиот идентитет и незадоволството поради социјално-економските проблеми”, изјави Јан Суротхак, регионален директор на Меѓународниот републикански институт во Европа.

Ја избира ли Балканот Русија за воен сојузник?

„ По 20 година и по вложени стотици милиони долари во изградба на единствена и слободна Европа, САД мораат да признаат дека постои опасност од сѐ поголемо руско влијание во Европа, што би можело да ја скрши најважната потпора на трансатлантскиот мир и безбедност”, изјави тој.

Во Словачка, и тоа е загрижувачки, 60% испитаници сметаат дека присуството на САД ја зголемува затегнатоста и ја умножува неизвесноста. Голем дел од испитаниците од сите четири земји или целосно или во извесна мера ја поддржуваат неутралната позиција на земјата спрема НАТО и Русија (во Словачка 73%, во Чешка 61%, во Унгарија 58%, во Полска 53%). 75% од Словаците сметаат дека Русија треба да биде партнер во сферата на безбедноста. Така мислат и 59% Чеси, 54% Унгарци и 35% Полјаци.

Анкетата исто така покажува различни сфаќања за карактерот на европскиот идентитет. Повеќе од една третина од испитаниците во Чешка (40%) и Словачка (36%) сметаат дека Европската унија ги присилува да се одречат од традиционалните вредности. А 41% од Словаците се уверени дека „Русија застана на страната на традиционалните вредности”. Во Чешка овој став го имаат 27% од населението, во Унгарија 18%, во Полска 14%, пренесува ИноСМИ.  

Се чини дека руската пропаганда не помина без трага, пишува чешкиот новинар. Власта во Кремљ сигурно мечтае за тоа да ги уништи НАТО и ЕУ, Со оглед дека тоа не толку едноставно, засега се обидува да ги ослаби. Луѓето со примитивен менталитет слушаат како ги трујат другите, а потоа простакот оди и го бира Путин или гласа на референдум онака како што сака Москва. Да објаснам: тој простак може да биде и академски граѓанин“, заклучува новинарот Јан Јандурек во својата статија.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus