„Е ова се веќе лоши манири. Кревам чаша „Кримско“ за новопечениот француски претседател да престане да лаже за RT и Sputnik“, напиша Симоњан на „Твитер“.
„Експлозија на Макрон. Евтин водвиљ за RT и Sputnik во изведба на францускиот претседател“, додаде Симоњан.
RT и „Спутник“ обвинети за ширење лажни вести за Макрон
На својот профил на „Фејсбук“ Симоњан истакна дека „ако се оди по логиката на Макрон, тогаш сите мејнстрим медиуми треба да се протераат од Русија“.
Претходно во понеделникот Макрон изјави дека телевизијата Russia Today и информативната агенција Sputnik „ширеа клевета“ и дека тие „не се новинари“.
Кремљ соопшти дека не се согласува со изјавите на францускиот претседател.
На почетокот на мај Симоњан соопшти дека Sputnik има намера да поднесе тужба во врска со изјавите на штабот на Макрон, пренесува „Взгљад“.