Во задачите на советникот спаѓала обука на сириските артилериски единици, пренесува „Взгљад“.
Може ли Русија да се откаже од соработката со Ал Асад?
„Во текот на извршување на активности за боева обука сириската единица била подложена на снајперски оган од страна на милитантите. Потполковникот Бучељников се здобил со смртоносна рана“, соопшти рускиот воен ресор.
Загинатиот ќе биде предложен за државно одликување.
На 20 април беше соопштено дека при напад на милитантите врз гарнизон на сириската армија херојски загинал рускиот воен советник, мајор Сергеј Бодров.