Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека повеќенаменскиот авио-систем за радарско набљудување и наведување А-100 ќе може да открива нови видови цели.
Рускиот разузнавачки авион А-100 „Премиер“ ќе полета во 2018 година
Шојгу го изјави ова на советувањето во одбранбениот ресор на Русија.
„Овој систем ќе биде способен брзо да го интензивира радарското поле во потребниот правец. Неговото проектирање е поврзано со новите видови цели, како што се авионите на оперативно-тактичката авијација од нова генерација“, изјави Шојгу, пренесува RT.
Авионот А-100 би требало да ги замени извидувачките авиони А-50 и А-50У кои се дизајнирани врз база на воениот транспортен авион Ил-76. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека А-100 ги надминува странските пандани според своите карактеристики.