Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Чижов: ЕУ не ги утврди правата на рускојазичното население во Прибалтикот

Во контекст на сегашната ситуација на Западен Балкан, постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов раскажа како настана ситуацијата со рускојазичното население во Латвија и Естонија.

Латвија се стави во првите борбени редови против хибридните закани . „На Западен Балкан ЕУ игра активна улога веќе повеќе години... Во желбата да се зајакне соработката со Европската Унија ние не гледаме ништо лошо. Полошо е другото: Европската Унија, понекогаш, во обид да го забрза овој процес, а понекогаш и директно влијаејќи на внатрешните политички процеси во овие земји, со своите активности на крај постигнува резултат кој може да биде спротивен на нејзините намери“, изјави Чижов, пренесува „Спутник“.

Милион гласови за рускиот јазик во Европа

Чижов како пример ја дава состојбата во Македонија „каде, како што е познато, има внатрешноплитичка криза во која ЕУ се обиде да се вмеша“. Тие, во суштина, сакаат да наметнат рецепт кој - од руска гледна точка, а и јас лично сум убеден во тоа како човек кој му посвети години на тој регион, - претставува пат не кон стабилизација на ситуацијата во Македонија и околу неа, туку кон продлабочување на кризата и евентуална поделба на земјата“, изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ.

Според него, „оваа приказна се влече мошне долго“. „Кога на функцијата што сега ја врши Федерика Могерини беше Хавиер Солана, го измислија таканаречениот „Охридски договор“, кој утврди такви права на албанското малцинство за какви, на пример, рускојазичното малцинство во Латвија и Естонија може само да сонува“, изјави Чижов.

„Се работи, на пример, за таква одредба, со која малцинството кое брои не помалку од 20 од населението има право неговиот јазик да има статус на државен. Тогаш го прашував господинот Солана дали планира тој принцип, кој тој го формулираше како универзален, да го примени во двете споменати балтички држави. Но тој почна да кажува дека универзалната примена на тој принцип тешко дека ќе одговара за конкретните земји од Балтикот“, изјави рускиот дипломат.

Во Латвија живеат помалку од два милиони луѓе, од кои околу 40% се рускојазични. Притоа рускиот јазик во републиката има статус на странски јазик, а само еден јазик е државен – латвискиот. Многу жители на оваа држава без државјанство, поранешни државјани на СССР и нивните потомци кои немаат државјанство на земјата во која престојуваат или на некоја друга држава, во основа се рускојазични.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus