Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Фајненшел Тајмс: Путин е природен сојузник на американските конзервативци

„Се разбира, постои голема сфера на соработка. Соработувавме со руските пријатели мошне долго време“, изјави Брајан Браун, претседател на Националната организација за брак која се занимава со пропагирање на традиционалните семејни вредности и борба против истополовиот брак.

За религиозните конзервативци кои чувствуваат дека ги губат „војните на културите“ во Америка, овие теми се поважни од геополитичките стравови на републиканските „јастреби“ по повод улогата на Русија во Сирија и Украина.

„Путин е радикален противник на хомосексуалните бракови, тема која ги вознемирува американските конзервативци кои се плашат од истиснувањето на нивните вредности од американскиот мејнстрим“, потенцираат авторите на статијата. Трамп, пак, од своја страна, ги смета геј-браковите за „етаблирани“.

Сенатор:Во Авганистан нека раскажуваат за потребата од одржување геј-паради

„Путин зборуваше на теми кои навистина се важни за христијанските конзервативци и го прават идеолошки „сојузник“, истакнува Семјуел Чарап, политиколог во Истражувачкиот центар „Ранд“.

Поддршката за Путин, исто така, доаѓа од другите делови на американскиот конзервативно движење. На пример, поранешниот кандидат за претседател на САД, сенаторот Ренд Пол, повикува на откажување од конфронтација со Москва и изградба на „потопли односи“. А ултрадесничарските националистички групи, кои го поддржаа доаѓањето на Трамп на власт, со одобрение гледаат на „националистичката политика на Путин како во Русија, така и на меѓународната сцена“. Според резултатите од анкетите во февруари, од 2015 година поддршката за рускиот претседател меѓу американските републиканци порасна од 12 на 32%.

Во 2013 година многу американски конзервативци го поздравија рускиот закон за забрана на „пропагирањето хомосексуализам“, додека Врховниот суд на САД ги легализираше хомосексуалните бракови. Американските христијански конзервативци понекогаш избегнуваат да изјават за нивните симпатии спрема Путин, пишуваат авторите на статијата.

„Не мора значи дека задолжително маршираме заедно со Русите на парадите на авенијата „Медисон“ во Њујорк“, изјави претседателот на Центарот за семејство и човекови права Остин Рус. „Не избирате со кого ќе соработувате“, резимира политичарот, пренесува RT.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus