Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Руските автомобили се враќаат на Куба

Рускиот производител на автомобили „АвтоВАЗ“ планира во 2017 година да испорача во Куба серија од околу 300 автомобили Лада. Ова го објави претседателот на компанијата Никола Мор на презентација на „АвтоВАЗ“ пред кубанските транспортни фирми во Хавана, пренесува ТАСС. Засега станува збор за два модела: Vesta и Largus.

„Последен пат нови автомобили на Куба се продаваа пред 12 години. Сега се постави прашањето како да се вратиме на овој пазар“, истакна првиот човек на компанијата.

АвтоВАЗ се враќа на сцената

„Потенцијално автомобилскиот пазар на Куба претставува интерес за АвтоВАЗ. Тука има зголемена побарувачка на автомобили – згора на тоа забраната за увоз на нови автомобили беше укината релативно неодамна“, вели за „Руска реч на македонски“ главниот уредник на специјализираниот портал „АвтоБизнесРевју“ Евгениј Есков. „Во текот на половина век локалниот возен парк се состоеше главно од американски и советски автомобили од втора рака. Марката им е позната на Кубанците, што ќе биде од корист за Автоваз, прецизира експертот.

Ќе има ли побарувачка на Куба?

Пробната серија од 300 возила, според зборовите на Евгениј Есков, ќе овозможи да се види во која насока треба да се развие извозот на автомобили. „За почеток овој обем нови автомобили, најверојатно, ќе биде оптимален, а потоа сè ќе зависи од постигнатата продажба“, вели тој.

Според податоците од сајтот Lada.ru просечната малопродажна цена за моделот Лада Largus на рускиот пазар е околу 600 илјади рубли ($ 10.000), а на моделот Lada Vesta - 640 илјади рубли ($ 11.000). Треба да се има предвид дека нивото на приходите во Куба не е високо, затоа на островот и нема многу жители кои можат да си дозволат нов автомобил, додава експертот. „Во перспектива Куба може да се претвори во еден од најважните пазари за Автоваз, но не во главниот, бидејќи обемот на продажба на островот тешко дека ќе овозможи целосно да се задоволи потребата на производителот од извоз во странство“, смета Есков .

Рено вложува 340 милиони евра во руски „АвтоВАЗ“

Во 2013 година кубанските власти ја укинаа забраната за увоз и слободна продажба на мало на нови автомобили, која дејствуваше на островот од 1959 година. Дотогаш Кубанците имаа право да купуваат и да продаваат само лесни половни автомобили и само еден на друг. На островот се доставуваа само одделни серии од СССР и од земјите од социјалистичкиот блок, но тие се состоеја главно од камиони и специјализирани (медицински, противпожарни) возила.

Првите автомобили ќе пристигнат на островот во мај 2017 година и ќе бидат распределени меѓу такси и туристичките компании, фирми за изнајмување на автомобили. Ако на крајот на Куба одлучат да купат руски автомобили, договорот за нивната испорака може да биде склучен уште во 2018 година.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus