Путин и Рухани: Недопустлива е агресијата на САД против Сирија
„Се одржа размена на мислења за ситуацијата во Сирија. Од двете страни беше истакната недопустливоста на агресивните дејствија на САД против суверена држава, што ги прекршува нормите на меѓународното право. Путин и Рухани се изјаснија за објективна, непристрасна истрага за сите околности на инцидентот со хемиското оружје на 4 април во сириската провинција Идлиб“, се вели во соопштението на Кремљ.
Лавров: Да се открие вистината за одлуката на САД за нападите врз Сирија
Лидерите, исто така, ја истакна важноста од продолжувањето на тесната соработка за политичко и дипломатско решавање на вооружениот конфликт во Сирија.
„Беше дискутирано за текот на спроведувањето на договорите постигнати во рамките на одржаната на 27-28 март официјална посета на Рухани на Русија. Посебно внимание беше посветено на клучните аспекти на билатералната соработка во антитерористичката сфера, изразена е подготвеност за понатамошно продлабочување со цел обезбедување на стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток“, соопштува Кремљ.
Телефонскиот разговор се одржа на иницијатива на иранската страна, пренесува „Интерфакс“.