Трамп размислува да воведе санкции против Русија поради Сирија
„Ние (администрацијата на САД) ќе го разгледуваме тоа и веќе почнавме да го разгледуваме“, изјави Хејли во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашањето „дали претседателот сака пожестоки санкции против Русија и Иран“.
Русија во ООН ги обвини САД за помагање на тероризмот
Таа, исто така, одговори на прашањето, дали САД имаат докази за инволвираноста на Дамаск во нападот со хемиско оружје во Идлиб. Според Хејли, администрацијата дошла до заклучок за вината на сириските власти врз основа на тајни материјали.
„Ни покажаа докази, претседателот ги виде доказите. Сите тие, се разбира, се тајни, и јас сум сигурна дека кога ќе можат да ги декласифицираат, тие тоа ќе го сторат“, изјави дипломатот.
Според неа, директорот на ЦИА Мајк Помпео ги споделил „доказите и информациите што ги има“ со меѓународните партнери, пренесува РИА „Новости“.