Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

МО на РФ: сириската авијација бомбардираше фабрики за хемиско оружје

Сириската авијација на 4 април во попладневните часови изврши напад врз фабриките на источната периферија на градот Кан Шејхун, каде милитантите произведуваа муниција со токсични материи кои се испорачуваа во Ирак и беа користени во Алепо, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.

„Од тој голем арсенал муницијата со хемиско оружје милитантите ја доставуваа на територијата на Ирак. Нејзината употреба од страна на терористите во повеќе наврати беше докажана како пред меѓународните организации, така и пред официјалните органи на таа држава“, потенцира генералот, пренесува ТАСС.

МО на РФ кажа од што зависи успехот на операцијата во Рака

Според него, наведената муниција исто така е користена од страна на милитантите во сириски Алепо, кога нејзината употреба беше регистрирана на крајот на минатата година од руски воени експерти. „Симптомите на труење на жртвите во Хан Шејхун на видео-кадрите од социјалните мрежи се исти како какви што беа есента минатата година кај настраданите во Алепо“, истакна портпаролот на МО на РФ.

Тој потенцира дека сите факти за употребата на токсични материи се предадени во Организацијата за забрана на хемиско оружје, кој „сѐ уште ги проучува“.

„Ние тврдиме дека наведените информации се целосно објективни и веродостојни“, заклучува генералот.

Претходно медиумите соопштија дека во провинцијата Идлиб, како резултат на воздушен напад на сириски или руски авиони, загинале 58 луѓе, од кои 11 деца. Се тврди дека нападот со примена на „отровен гас“ можел да биде извршен од сириските владини сили.

Министерство за одбрана негираше вклученост на руски авиони во нападот, а Министерството за одбрана на Сирија изјави дека одговорноста за хемискиот напад во Идлиб лежи врз терористите и оние кои ги поддржуваат. Сириското Министерство за одбрана соопшти дека не се користени какви било токсични материи во Хан Шејхун, и МНР на Сирија ги нарече обвинувањата против Дамаск фабрикувани. Заменик-министерот за надворешни работи на Сирија Фејсал Микдад изјави дека властите на земјата пред неколку недели предупредувале за подготовката на напади од страна на милитантите, како оној врз Хан Шејхун.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus