Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

На Алексеј Наваљни одреден 15-дневен притвор по масовните протести

На опозиционерот Алексеј Наваљни, кој ги организираше масовните антикорупциски протести на 26 март, судот му одреди 15-дневен притвор поради пружање отпор на полицијата. Политичарот исто така е казнет со 20 илјади рубли (околу 350 американски долари) за организирање на несанкционирана акција во центарот на Москва на која присуствуваа според процените на МВР околу 7-8 илјади лица и не помалку од 150 илјади лица ширум Русија, според РБК. 

Судењето се одржа еден ден откако Наваљни беше приведен во текот на незаконскиот марш на улицата „Тверскаја“. Политичарот успеа да присуствува на настанот неколку минути, по што беше приведен со полициско возило. Демонстрантите го опкружија и блокираа автобусот со опозиционерот. Според зборовите на очевидците, потоа припадниците на ОМОН примениле сила за растерување на оние кои митингуваа.

Во Русија се одржаа масовни антикорупциски протести

Во понеделникот, 27 март, Кремљ ги коментираше протестите, нарекувајќи ги „провокација“. Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков исто така изрази увереност дека организаторите на акцијата им ветувале на малолетници „некакви награди, повикувајќи ги да земат учество во непријавената акција на непријавено место“. На тие учесници „претходно сосем детално и на академски јазик им објасниле дека акцијата е законска и не противречи на законодавството“, но тоа е „чиста лага“, изјави Песков. На прашањето на новинарите каква реакција треба да се очекува од Кремљ за одржаните протести во земјата, портпаролот на Владимир Путин изјави: „Тоа (беше) забранета акција и токму така треба да се третира“.

Пред одржувањето на акцијата Алексеј Наваљни им гарантираше правна поддршка на сите кои ќе бидат приведени на митинзите на 26 март, ветувајќи дека секој случај ќе го донесе до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). „Ако ве приведат, уште и пари ќе заработите. Вие веќе знаете, сите мои приведувања ги донесов до ЕСЧП. И сега владата ми плаќа за сѐ мошне големи суми“, пишуваше политичарот на својот сајт.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus