Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Медиум: рускиот „Циркон“ ќе ја претвори британската флота во старо железо

Русија создава хиперсонична крстосувачка ракета, која може да го потопи со еден погодок најновиот носач на авиони на британската морнарица, соопштува „Дејли Меил“. Ракетата „Циркон“ забрзува до 7,4 илјади км/ч. Притоа современите средства за противракетна одбрана на британската флота се способни да соборат проектили кои се движат со брзина не поголема од 3,7 илјади км/ч, што значи дека, во суштина, се бескорисни против новото руско оружје, истакнува изданието.

Носачите на авиони на Велика Британија ќе мора да останат надвор од опсегот на овие проектили, продолжува „Дејли Меил“. Како резултат на тоа, авионите и хеликоптерите нема да имаат доволно гориво за да се стигнат до целта, да ја исполнат својата мисија и да се вратат на бродот. Тоа значи дека нема никаква смисла од борбени групи предводени од носач на авиони, забележува весникот.

Русија добива хиперсонично оружје на почетокот на 2020-те

„За површинските бродови одбраната од хиперсонични проектили претставува сериозен проблем“, истакнува воено-поморскиот експерт Пит Сандеман. Според него, има многу малку време за реакција што дури и ако целта биде откриена, современите средства за одбрана може да се покажат како несоодветни за нејзино уништување. Дури и ако успеат да ја уништат ракетата со помош на оружје за блиско дејство, фрагментите од ракетата ќе имаат таква кинетичка енергија, што бродот нема да успее да избегне сериозни оштетувања, објаснува експертот.

Тестирањата на новото оружје беа одржани на почетокот на оваа година, а веќе до 2018 крстосувачот на нуклеарен погон „Петар Велики“ може да биде опремен со нив, продолжува изданието. Ракетата може да биде лансирана како од бродови, така и од копно и од подморници. „Циркон“ успева да развие голема брзина поради хиперзвучниот набојно-млазен мотор. За 2,5 минути ракетата може да помине растојание од 250 км, што е повеќе од брзината на снајперски куршум, објаснува изданието, пренесува RT.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus