„Тоа се апсолутно лажни обвинувања, ние повеќе пати реагиравме на нив. Тоа не заслужува никаква реакција, затоа што овие изјави се измислици наменети за да се оправда неуспехот на американската војска и политичарите во авганистанската кампања, друго објаснување не можеме да најдеме“, изјави Кабулов, пренесува RT.
Како САД купуваат автомати Калашников, заобиколувајќи ги своите санкции
Претходно командантот на Вооружените сили на НАТО и САД во Европа Кертис Скапароти изјави дека Русија наводно го зголемила влијанието врз радикалното движење „Талибан“ во Авганистан и, веројатно, дури и му дава поддршка.
На 10 март Министерството за надворешни работи на Русија изјави дека обвинувањата на адреса на Русија за поддршка на талибанското движење не се поткрепени со докази и дека се апсурдни.